Линкови за пристапност

Тексас во исчекување на стравичен удар од ураганот Ајк


Националниот американски центар за урагани вели дека Ајк може да предизвика огромни бранови, како и поплави на брегот, до шест метри над нормалната висина на плимата.

Има наредба за задолжителна евакуација за крајбрежјето на јужен Хјустон и целиот остров Галвестон.

Метеоролозите велат дека Ајк може директно да го погоди Хјустон, четврти по големина град во САД.

Центарот за урагани сеуште го води Ајк за ураган од категорија два, на скалилото од пет, со ветрови од 165 км на час, додека продолжува да се засилува во голем ураган пред да удри врз копното.

Мајкл Чертоф, директорот за домашна безбедност, ги предупреди жителите во најкритичните области да не се оглушуваат на наредбата за евакуација.

Претседателот Буш објави вонредна состојба во Тексас ослободувајќи федерални ресурси за координација на напорите за избегнување на најлошото.

XS
SM
MD
LG