Линкови за пристапност

Кај многумина сеуште дилемата кој стои за нападите од 11 септември


Независна група со седиште во САД наречена worldpublicopinion.org запрашала 16-илјади луѓе во 17 држави што мислат за тоа кој е одговорен за нападите од 11 септември 2001 на Њујорк и Вашингтон.

Само во девет од државите мнозинството одговорило дека Ал Каида стои зад нападите, наоѓање што го изненадило директорот на worldpublicopinion.org

-Мислам дека тоа е запрепастувачко, ако се има предвид дека Осама бин Ладен самиот даде изјави потврдувајќи дека Ал Каида стои зад нападите од 11 септември.

Во просек 46 проценти од испитаниците во секоја земја ја обвинуваат Ал Каида за нападите. Ако не Ал Каида, тогаш кој? Кул вели дека во просек 15 проценти велат дека американската влада ги осмислила нападите.

-Во Турција, 36 проценти го имаат тоа становиште. Турција е една од нашите сојузници. Палестинските територии – 27 проценти го имаат тоа мислење. Во Мексико, 30 проценти така мислат и можеби најизненадувачко од се – во Германија, 23 проценти сметаат дека стојат САД зад нападите од 11 септември.

Од оние кои рекле дека САД се извршителите Стивен Кул вели дека многумина веруваат дека тоа било обид да се оправда претстојната американска инвазија на Ирак.

-Некои го зацврстиле тоа убедување велејќи си – САД имале интерес во тоа, значи има логика да е вистина. А тој интерес , на кој се сугерира, е дека САД барале изговор да влезат во војна со Ирак.

Седум проценти од испитаните го обвинуваат Израел за нападите, а еден во четворица вели дека не знае кој е виновен.

Луѓето на Блискиот исток особено Муслиманите често на анкетарите им кажувале дека веруваат оти САД ги смислиле нападите. Кул вели дека истражувањето исто така покажало дека Муслиманите веруваат во моралната неисправност на нападите и нивната спротивност на исламот.

-Така, за нив е многу тешко да прифатат дека Муслиман би сторил такво нешто. Од друга страна тие чувствуваат некоја резонанца од она што Бин ладен го вели и имаат конфликт со тоа. Тие практично употребуваат еден вид на одбранбен механизам за да ги негираат силните докази дека Ал Каида е зад нападите од 11 септември, како начин да го решат внатрешниот конфликт што го чувствуваат.

Стивен Кул вели дека тој ја интерпретира оваа амбивалентност за настанот како резултат на дилемите за улогата на САД во светот.



XS
SM
MD
LG