Линкови за пристапност

Мекејн води пред Обама


Две нови истражувања на јавно мислење покажуваат дека републиканскиот претседателски кандидат Џон Мекејн води пред неговиот демократски ривал Барак Обама.

Истражувањето на ЈуЕсЕј Тудеј и Галуп вели дека Мекејн води со 50 проценти спрема 46 меѓу регистрираните гласачи.

Во одвоена анкета на Галуп, каде дневно се следи јавното мислење, Мекејн води со 48 проценти спрема 45.

Истражувањата покажуваат дека Мекејн добил поттик на минатонеделната конвенција на Републиканската партија и со селекцијата на гувернерот на Аљаска Сара Пејлин за потпретседателски кандидат.

Потпретседателот Дик Чејни денес во Рим на новинарите им кажа дека нема причина Пејлин да не биде успешен потпретседател во администрацијата на Мекејн.

Чејни кажа дека нејзиниот говор на минатонеделната Републиканска конвенција бил одличен.



XS
SM
MD
LG