Републиканците се надеваат дека сенаторот-ветеран од Аризона со репутација
на неконформист ќе го надмине легитимитетот на Џорџ Буш и неговата партија ќе
раководи со Белата куќа уште четири години.
Ако биде избран за претседател на САД, на 72-годишна возраст, Мекејн ке
биде најстар претседател во историјата на земјата.
Кандидатот за потпретседател на Републиканците синоќа имаше говор на партискиот конгрес посветен на теми за професионалниот ангажман, кариеризмот на Барак Обама и неопходноста од промени во Вашингтон.
Гувернерот од сојузната држава Аљаска, Сара Пејлин прифати да биде
официјално номинирана за кандидат на Републикаската партија за потпретседател
на претстојните иэбори на 4-ти ноември.
Присутните делегати во центарот Ексел Енерџи со громогласни аплаузи и
патриотски скандирања за време на 36-минутното обраќање на Сара Пејлин како
прва жена која е избрана да биде потпретседателски кандидат во партиската
историја честопати и го прекинуваат говорот.
Таа упати остри критики на адреса на Барак Обама, го бранеше своето
политичко искуство, ги пофали лидерските способности на Џон Мекејн, а не беше
ниту рамнодушна кон претставници на медиумите, кои изминатите денови го
доведуваат во прашање нејзиниот избор.
Пејлин нагласи дека ќе замине за Вашингтон во служба на граѓаните на САД, а
не со цел да им се допадне на медиумите или елитата во американската
престолнина.
За сенаторот Мекејн рече дека вистински избор эа врховен командат и оти бил
во право – кога го поддржал зголемувањето на бројот американски војници.
Во политиката има кандидати кои ги користат промените со цел да ја
промовираат кариерата. Но и има и личности како Џон Мекејн, кој ја користи кариерата
за промоцијата на промените, рече кандидатот за потпретседател од редовите на
Републиканците, по што наиде на егзалтирана реакција од делегатите, напаѓајки
го Обама, а упатувајки пофални зборови за сенаторот од Аризона.
На третата вечер од Републиканската национална конвенција, освен гувернерот
Пејлин, и поранешни ривали на Мекејн меѓу Републиканците, ги величаа неговите
лидерски способности, го поддржаа неговиот избор за потпретседател и го
критикуваа политичкото неискуство на сенаторот од Илиноис со кого Мекејн треба
да се соочи на гласањето на 4-ти ноември.
Првата од трите планирани
дебати меѓу претседателските кандидати Мекејн и Обама ќе се одржи на
Универзитетот Мисисипи на 26-ти септември.
Кандидатите за потпретседател од двете партии, Сара Пејлин и Џо Бајден ќе одражат само една дебата – на 2 октомври во Сент Луис, сојузната држава Мисури.