Во центарот Ексел Енерџи забрзано се одвиваат подготовки за говорот на сенаторот Џон Мекејн со кој и официјално ќе ја прифати партиската номинација за претседател на САД од редовите на републиканците.
Илјадници волонтери
помагаат со цел
организацијата да биде
беспрекорнa и да
се запази
републиканската кореографија. Вчера
вниманието беше на
кандидатот за потпретседател - гувернерката на
Аљаска
Сара Пејлин. Републиканците се
надеваат дека вечерва
медиумите целосно ќе го насочат
вниманието на човекот број еден на
Конвенцијата – Џон
Мекејн.
Мери Ливит
е делегат
од Охајо.
Вели дека има
голема почит за
кандидатот Џон Мекејн,
но не
се согласува
со медиумското
покривање на Сара
Пејлин:
- Мислам дека некои работи што медиумите ги јавија за неа се смешни. Мислам дека не треба да зборуваме за нејзиниог личен живот и што и` се случува во семејството. Сенаторот Мекејн направи одличен избор, решавајќи се за неа.
Познатата холивудска актерка Розарио Давсон во Сент Пол е претставник на невладината организација Вото/латино. Задоволна е од медимското покривање на Републиканската конвенција:
- Сега кога Олимпискиот игри се зад нас, луѓето кои гледаат ТВ нема да ги менуваат каналите со далечинските управувачи. Ова е важно, затоа што се на само неколку недели од одржувањето на изборите во САД. Неопходно е медиумите повеќе да информираат за изборите.
Говорот на Мекејн ќе биде кулминација на Републиканската национална конвенција и сите се во исчекување – која ќе биде неговата порака, на само неколку недели пред изборите на 4-ти ноември.