Сент
Пол, Минесота
Кандидатот за потпретседател од редовите
на Републиканците, гувернерката на Аљаска, Сара Пејлин на конвенцијата е пред предизвик да ги отфрли критиките за нејзиното неискуство во
политичкиот живот, како и пишувањата во домашниот печат за неочекуваната
бременост на 17-та годишна керка Бристол, која
реши да го
задржи бебето, а за што Пелин инсиситра дека претставува семејна работа.
Пејлин е прва жена- кандидат од редовите на Републиканците
за потпретседател на САД, и таа со
претседателскиот кандидат Џон Мекејн учествува во историската трка против кандидатот
на демократите Барак Обама, кој можеби ке стане
првиот афро-Американец, претседател на САД.
Поранешниот њујоршки градоначалник и републиканец Руди Џулијани верува во 44-годишната
Пејлин.
- Јас сум убеден дека е самоуверена, силна жена, со одлични ораторски
способности, им изјави Џулијани на новинарите на Конвенцијата, најавувајќи го долгоочекуваниот настап на гувернерката од Аљаска - инаку мајка
на пет деца.
Поранешните
претседателски претенденти, екс-гувернерите од Масачусетс и Арканзас, Мит Ромни
и Мајк Хакаби се најавени да говорат за Мекејн како за силен и искусен лидер, кој
ги разбира предизвиците на денешницата. Тие треба пред делегатите на собирот во Сент Пол да предочат на карактерот на Мекејн и неговите заложби за транспаретна
и одлучна влада.
„Една од основите на американската приказна е истрајноста; дури и во
тешки времиња, мудроста и нескротливиот дух на американскот народ водел кон нов
просперитет; човекот
кој може да го понесе бремето на 21-от век е Џон Мекејн“ – ова се
само дел од аспектите на Ромни и Хакаби во поддршката што отворено ќе му ја
изразат на својот пријател и сопартиец.
По
улиците на Сент Пол е забележливо зголемено полициско обезбедување. На помош се повикани нови единици полицајци од
соседните градови, поради опасност повторно да ескалираат судирите со демонстрантите и
анархистите што никако да завршат. И во вторникот беше употребен солзавец за
растерување на мала група хулигани кои скршија неколку излози по главната улица
на Сент Пол. Веќе се приведени преку 300
лица, а полицијата најави дека ќе бидат задржани во притвор се` до
завршувањето на Конвенцијата в петок.