3.500
полицајци кои се грижат за редот околу конвенцијата на републиканците беа во состојба на
готовс поради гневните демонстранти.
Во
центарот на Сент Пол, каде се наоѓа центарот Енерџи Ексел, неколку илјади
демонстранти во понеделникот го изразија својот поглед за војната во Ирак.
Ги имаше од разни делови од Америка, па дури и од
Канада. Скандираа слогани за разни
прашања, вклучувајќи ја и актуелната војна. Најгласни беа против американската
надворешна политика на Републиканската партија, особено во однос на Блискиот Исток. Го искористија настанот да изразат негодување
против кандидатот Џон Мекејн.
Како и што вообичаено доаѓа при вакви настани,
демонстрантите привлекоа внимание со невообичаените костуми и звуци. Имаше и мали инциденти, па полицијата мораше да
употреби и солзавец.
- Американците траба да се откажат од помошта кон ирачките инситуции. Кога Амеруканците ќе заминат од Ирак, тамошните
власти ќе можат да формираат унитарна влада, вели демонстрантот Мајкл Колинс
од Мисури.
Други демонстранти, пак, имаа различна цел. Носеа пароли од типот – дозволете им на нашите
војници да извојуваат победа. Џон Барби е против антивоените демонстрации:
- Се` е исто Ова сме го виделе и порано.
Тие имаат свое размислување, јас мое. Јас
го поддржувам Мекејн. Треба да ја завршиме
мисијата во Ирак, но исто така сакам парите од даночните обврзници подомаќински да
се трошат. Републиканците работат, а не како некои – само зборуваат.
Во
инцидентите со полицијата беа уапсени повеке од 250 лица во Сент Пол.