Линкови за пристапност

Републиканска национална конвенција го преброди Густав


Републиканската национална конвенција се обидува да се врати во нормала откако ураганот Густав ја прекрои агендата на отварањето и принуди неколку звучни политички имиња да ги откажат говорите и присуството на собирот во Сент Пол, сојузната држава Минесота.

Претседателот Буш се обрати пред присутните делегати преку неколкуминутна видео врска. Иако најавен на првиот ден од конференцијата, тој ги откажа сите планови поради обврските во санирањето на последиците од ураганот Густав

Главни говорници на вториот ден од Конвенцијата беа сенаторите од сојузните држави Тенеси и Конектикат, Фред Томсон и Џо Либерман. Томсон беше замена за гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер, кој го откажа присуството поради проблемите со буџетот на неговата сојузна држава.

Конвенцијата и натаму е фокусирана на хуманитарните напори за помош на оние Американците кои беа погодени од силните ветришта и дождови на Густав.

Синди Мекејн, сопругата на републиканскиот претседателски кандидат, рече дека останува предизвикот и во следните денови – како најбрзо да се достави помош и поддршка на лицата на кои им е најнеопходна во овие моменти. Како вчера, така и денеска продолжува кампањата за собирање донации.

- Време е да ги симнеме републиканските шешири и да ги замениме со американски, рече Синди Мекејн, алудирајќи на големиот одзив на солидарност во Сент Пол.

Организаторите на конвецијата креваат раменици на прашања од типот кога ке биде воспоставен регуларниот тек на говорниците. Велат – дневниот ред се утврдува ден за ден, понекогаш и час за час. Едно е сигурно – Џон Мекејн во четврток ќе биде и формално номиниран за кандидат за претседател на САД од редовите на Републиканската партија.

XS
SM
MD
LG