Линкови за пристапност

Џон Мекејн ја избра гувернерката на Аљаска за потпретседателски кандидат


Републиканскиот претседателски претендент Џон Мекејн избра релативно непознат политичар – гувернерката на Аљаска Сара Пејлин за свој потпретседателски кандидат.

Мекејн на собир во Охајо кажа дека Пејлин е „вистинскиот партнер“ со силни принципи, боречки дух и длабока срдечност.

Ова е по првпат една жена да се најде на републиканското ливче за претседателските избори. Мекејн ја избра Пејлин токму на својот 72-ри роденден и непосредно воочи Националната конвенција на Републиканската партија, што ќе започне во понеделник.

44-годишната Пејн го служи својот прв мандат на функцијата гувернер. Таа важи за конзервативец и во однос на социјалните, и во однос на економските прашања. Оваа мајка на пет деца е релативно непознат кандидат чиј избор беше наголемо неочекуван. Таа изби како можен кандидат дури во петок, истиот ден кога Мекејн ја објави својата одлука. Во игра за местото „број 2“ меѓу другите беа и поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни и поранешниот демократ, а сега независен сенатор Џозеф Либерман.

XS
SM
MD
LG