Линкови за пристапност

Хилари Клинтон во Денвер на мисија на обединување на партијата


Лилица Китановска, Глас на Америка на македонски
Денвер, Колорадо

Говорот на сенаторката Хилари Клинтон на Демократската конвенција во Денвер, Колорадо во вторникот беше очекуван со возбуда и таа ги оправда очекувањата. Аудиториумот во Центарот Пепси никогаш за овие неколку дена не беше толку полн како што беше за нејзиниот настап.

Хилари беше воведена од ќерката Челзи, а сопругот и поранешен претседател Бил Клинтон беше во публиката. Таа иэлезе на бината проследена со долго ракоплескање. Совршено свесна за својата улога, Клинтон веднаш со првата реченица мина на поентата. Овде сум - рече таа - како горда мајка, како горд Демократ, како горд сенатор од Њујорк, како горда Американка и како горд поддржувач на Барак Обама.

Нејэината эадача беше да ја обедини партијата, да направи контакт со нејзината база, која е огромна - 18 милиони гласачи - и да ги повика да го поддржат Обама.

- Мора да ја земеме назад земјата што ја сакаме, рече Клинтон.

Обама во тој говор беше споменат неколкупати, но не заради неговите способности да ја води нацијата или пак неговиот карактер итн, туку затоа што ниедна друга алтернатива за Америка според Клинтон не е добра. Не смееме да дозволиме уште четири години исти како овие осум - беше мотото не само на нејзиниот говор, туку мотото на целиот ден.

Сепак, најсилната порака за обединување до оние кои гласаа эа неа во прелиминарните избори Клинтон ја упати со зворовите - запрашајте се дали бевте во оваа трка само заради мене или заради сите луѓе на оваа земја.

Некои аналитичари по говорот и` забележаа дека не се заложила доволно за Обама, но други беа воодушевени. Едно е сигурно - Хилари Клинтон со говорот го исцрта своето неприкосновено место на борец и херој за еманципацијата на жените.

Другите говорници од вечерта останаа во нејзината длабока сенка.

Организаторите во последен момент го преместија за порано попладнето Марк Ворнер, поранешниот гувернер од Вирџинија кој претендира да преземе место во Сенатот од републиканците и кој важи за ѕвезда во подем на демократското небо. На негово место го ставија Тед Стрикленд, гувернер од Охајо, кој се покажа одлична претходница на сенаторот Клинтон, кревајки ја на нозе салата со извици од илјадници грла - не повеке од истото!

Дали Хилари Клинтон успеа во обидот за обединување на партијата? На тоа е тешко да се одговори во овој момент. Таа го направи она што од неа се бараше, но не е реално да се очекува дека може да се избрише со еден настап горчината меѓу нејзините поддржувачи и незадоволството од третманот на нејзините делегати - далеку повидливи зад сцената отколку официјално. Всушност, техничкиот дел на давање на поддршката на Обама не е завршен. Денес делегатите за Клинтон и официјално ке го дадат гласот за сенаторката, а следниот чекор е тие гласови да бидат ослободени од неа и делегатите да може да гласаат за Обама.

Вечерва ќе го слушнеме и другиот Клинтон - поранешниот претседател, кој исто така ќе се обиде да испрати порака эа обединување. Интересно ќе биде да се проследи неговиот настап, зашто тој во Денвер генерира повеќе контроверза отколку цврста линија на поддршка. Но, клучниот говорник е Џо Бајден, избраникот на Обама за потпретседател.

XS
SM
MD
LG