Линкови за пристапност

Бела куќа:  Руските потези во однос на Грузија „ирационални“


Белата куќа смета дека Русија направи серија ирационални одлуки со упадот и окупација на Грузија како и дека тие ја доведоа во опасност позицијата Москва во светот.

Портпаролот Тони Фрато даде ваков коментар вчера, откако серија светски лидери ја осудија одлуката на Москва да ја признае независноста на двата отцепени грузиски региони Абхазија и Јужна Осетија.

Фрато рече дека САД ќе го искористат правото на вето во Советот за безбедност на ОН и ќе блокираат секаков руски обид да го промени меѓународниот статус на двата проруски региони.

Франција и Британија исто така го отфрлија потегот. Германскиот канцелар Ангела Меркел коментираше дека се работи за „апсолутно неприфатлив“ чекор.

Во Москва, рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека неговата земја не се плаши од нова Студена војна. Тој рече дека Русија не бара таква војна и потенцираше дека се` зависи од позицијата на руските партнери на Западот.

XS
SM
MD
LG