Линкови за пристапност

Повлекување на американските сили од Ирак до 2011-та?


Вашингтон и Ирак наводно постигнале согласност за целосно повлекување на американските војници од Ирак до 2011-та, но само доколку постојат услови за тоа.

Во извештаите се пренесуваат официјални лица дека нацрт-договорот исто така повикува американските сили да се повлечат од ирачките градови до јуни 2009-та.

Главниот преговарач на ирачката страна, Мохамед ал Хаџ-Хамуд вели дека иако двете страни се договориле за временска рамка, темпото на повлекување може да се промени во зависност од ситуацијата во Ирак.

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која во четвртокот беше во куса посета на Багдад, кажа дека двете страни се близу до постигнување безбедносен договор што ќе го утврди идниот статус на американските сили во Ирак. Но, таа рече дека тој содржи - како што ја нарече - „посакувана временска рамка" наспроти конкретен датум за повлекување на американските војници од Ирак.

XS
SM
MD
LG