Шефовите на дипломатиите
на САД и Ирак навестија дека се близу до спогодба за идниот статус на
американските сили во Ирак. Па сепак,
американската државна секретарка Кондолиза Рајс и ирачкиот министер за
надворешни работи Хошјар Зебари на прес-конференција во Багдад потенцираа дека
спогодбата се` уште не е потпишана.
Рајс е во ненајавена
посета на ирачкиот главен град. Таа
договара спогодба што ќе го одредува нивото на американските сили во Ирак по
истекувањето на мандатот од ОН кон крајот на годината. Едно од прашањата е и каков имунитет ќе имаат
американските војници кои служат во Ирак.
Рајс кажа дека САД ќе го
почитуваат ирачкиот суверенитет под каков и да е` вид на договор. Зебари додаде дека во преговорите нема
некаков „таен план". Рајс му честита на
ирачкиот колега за ангажманот во, како што кажа, „повторното поврзување" на
Ирак со другите земји во регионот.