Министрите за надворешни работи на земјите-членки
на НАТО велат дека сериозно ги разгледуваат импликациите од руските акции во
Грузија како и дека не е можен редовен однос со Русија се` додека нејзините
сили не се повлечат.
Генералниот секретар на НАТО Јап де Хуп Шефер кажа
дека министрите на средбата во Брисел постигнале согласност дека НАТО не може
да продолжи со редовните контакти со Москва се` додека руските сили не заминат
од Грузија. Министрите се договориле и
да основаат Комисија НАТО-Грузија, со цел да ги продлабочат врските со
кавкаската земја.
Американската државна секретарка Кондолиза Рајс
кажа дека средбата ја покажува поддршката на НАТО за грузиската демократија и
територијланиот интегритет. Рајс
подвлече дека ќе нема нови линии на поделба во Европа, како и дека и Грузија, и
Украина остануваат можни кандидати за членство во НАТО.
Во Москва, рускиот министер за надворешни работи
Сергеј Лавров го обвини НАТО за пристрасност и обид да го спаси - како што го
нарече - „криминалниот режим“ на Грузија.
Лавров најави дека руските сили во Грузија би можеле да се повлечат за
три до четири дена, зависно од тоа колку брзо грузиските сили ќе се вратат во
своите касарни.