Руски тенкови се видени какого напуштаат грузискиот град Гори, согласно договорот за прекин на огнот потпишан минатата недела.
Новинари
во градот денес биле сведоци на повлекувањето.
Руски армиски лица велат дека тенковите се движат во правец на
грузискиот отцепен регион Јужна Осетија, од каде ќе продолжат за Русија.
Се` уште не е извесно дали овој чекор претставува почеток на целосното повлекување
на руските сили од Грузија, како што налага прекинот на огнот. Руски сили и армиски возила се` уште
окупираат големи делови на земјата, како главното црноморско пристаниште Поти,
на пример.
Во Вашингтон, портпаролот на Пентагон Брајан Витман кажа дека САД се` уште
чекаат на значителен маневар на руските сили надвор од Русија.
Организацијата за европска безбедност и соработка соопшти дека Русија и
Грузија се согласиле на присуство на првите 20 меѓународни армиски набљудувачи
во Јужна Осетија. ОБСЕ планира да
испрати вкупно 100 набљудувачи.
Русија и Грузија разменија заробеници од двонеделниот судир. Според грузиски владин претставник, во
селото Игоети биле разменети 5 руски за 15 грузиски припадници на армиските
сили.