Линкови за пристапност

Засилени дипломатски напори за смирување на конфликтот во Грузија


Рајс денес се среќава со грузискиот претседател Микаил Сакашвили.

Таа вчера се сретна со францускиот претседател Николас Саркози и носи нацрт на договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на Франција. Рајс рече дека договорот обезбедува руските трупи да ја напуштат грузиската територија.

Во денес објавено интервју во рускиот дневен весник Комерсант, господинот Сакашвили вели дека нема да направи никакви отстапки на Русија.

Грузискиот лидер кажа дека е подготвен за разговори за речиси секоја тема, но предупреди дека нема да го компромитира територијалниот интегритет на својата земја.

Исто така, германскиот канцелар Ангела Меркел патува во Сочи, одморалиште на Црното Море, за да се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев, при што ќе апелира за дипломатско решение за конфликтот.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс предупреди дека руските односи со САД ќе бидат оштетени со години доколку не поразмисли за својот агресивен став во Грузија.

Гејтс кажа дека САД очекуваат да соработуваат со Русија во одржување на мирот во регионот. Но тој кажа дека последното однесување на Русија "се доведува во прашање."

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изрази загриженост за хуманитарната состојба и кажа дека големи делови од Грузија и натаму се непристапни за хуманитарните работници заради насилството и беззаконието.

Министерот за одбрана на Канада Питер МекКеј кажа дека неговата земја се повлекла од воените вежби со Русија во знак на протест за – како што кажа - окупацијата на Грузија.

XS
SM
MD
LG