Линкови за пристапност

Рајс смета дека спорот околу името не треба да го попречи приемот на Македонија во НАТО


Рајс кажа дека спорот не треба да биде пречка за членство и воопштено коментираше дека ориентацијата кон НАТО е важна затоа што им помага на земјите да ги разрешат меѓусебните разлики.

Државна секретарка ја повтори американската позиција:

- Нашиот став е дека Македонците треба да бидат примени во НАТО – тоа беше ставот во Букурешт. Надежта е дека спорот околу името сега ќе може да се разреши мошне брзо. Разговарав со моите грчки колеги; и Македонците беа тука во Стејт департментот. Ова е нешто што не треба да се испречи на патот на приемот на Македонија во НАТО, и на тоа работиме.

Рајс направи врска меѓу двете теми – Грузија и Македонија:

- Eдна од причините за Акциониот план за членство во НАТО, и, во крајна линија, приемот во НАТО, е дека тоа им помага на државите да ги надминат долготрајните тешкотии, разлики и судири под закрила на организацијата за колективна безбедност, односно одбрамбената организација на демократии.

Првиот човек на американската дипломатија потсети дека само пред неколку децении, кога се распадна советската империја, било незамисливо дека ќе се решат разликите меѓу Унгарија и Романија, или пак меѓу Бугарија и Турција, на пример. Но, рече Рајс, тоа денес фактички се случува под закрила на НАТО.

Според Рајс, ширум Централна и Источна Европа, земјите како Чешката Република, Унгарија, Полска, балтичките земји, Албанија, Хрватска, Македонија и други веќе направиле или вршат транзиција кон трансатлантските институции. Тоа им овозможува не само да ги разрешат разликите, туку и да имаат причина и мотив за внатрешни реформи и натамошна демократизација. Од тие причини, Рајс смета дека акциониот план за членство во НАТО е мошне вреден и затоа САД и натаму се залагаат за таков план за Грузија и Украина.

XS
SM
MD
LG