Линкови за пристапност

Гејтс ја предупреди Русија против натамошна армиска операција во Грузија


САД очекуваа да соработуваат со Русија во одржување на мир во регионот, но, според Гејтс, руското однесување последниве неколку денови „довело се` во прашање“. Гејтс рече и дека американските армиски напори во Кавказот се насочени на хуманитарни потреби. Единствениот американски персонал на територијата ќе биде оној задолжен за хуманитарните операции, подвлече првиот човек на Пентагон.

Претходно, американската државна секретарка Кондолиза Рајс уште еднаш ја повика Русија да го почитува прекинот на огнот и го реафирмираше грузискиот територијален интегритет. Ова го кажа по средбата во јужна Франција со францускиот претседател Никола Саркози. Претходно неделава, Саркози помогна во постигнување на план за прекин на огнот во Грузија. Рајс ја посети Франција на пат за Тбилиси, каде ќе престојува во знак на поддршка за Грузија во конфронтацијата со Русија. Рајс треба да пристигне во Тбилиси во петок.

Руските власти велат дека министерот за надворешни работи и неговиот грузиски колега Ека Тхешалашвили преку телефон разговарале за чекорите потребни за примена на прекинот на огнот.

Во Грузија во четврток пристигна вториот воен авион со хуманитарна помош. Првата пратка во средата содржеше лекови, шатори и ќебиња.

XS
SM
MD
LG