Линкови за пристапност

Рекламирањето на Олимписките игри – политичко попуштање на Кина или притисок за промени?


Организации за заштита на човековите права сметаат дека големите спонзори со нивната поддршка на Олимпијадата во Пекинг всушност ја поддржуваат и земјата-домаќин - Кина која ги крши човековите права. Спонзорите, пак, велат дека со инволвираноста на Игрите – вршат притисок врз Кина за промени.

Изложбата на Кока-Кола во Пекинг вклучува џиновски шишиња од пијалокот што претставуваат различни провинции во Кина. Овој гигант за безалкохолни пијалоци е една од десетиците меѓународни корпорации кои платија речиси 100 милиони долари да бидат главни спонзори.

Целта на рекламирањето на Олимпијадата е јасна: да се заработат пари со што повеќе продадени продукти во Кина и ширум светот. Но, некои групи за човекови права велат дека со тоа големите корпорации и` даваат премолчена согласност на Кина за кршењето на човековите права.

Многумина посетители, како Блер Витмарш од Канада, сепак сметаат дека спонзорирањето на Олимпијадите не ги прави корпорациите соучесници во кинеската политика:

- Олимписките игри треба да се неполитички настан и јас гледам на нив низ неполитичка призма.

Мекдоналдс ја ангажираше атлетската легенда Карл Луис на отварањето на најголемиот свој ресторан во светот, во центарот на Пекинг. Тој ги брани компаниите од типот на Мекдоналдс кои работат во Кина, истакнувајќи дека имаат позитивно влијание:

- Кина мораше да направи отстапки и ќе продолжи со тоа, со цел да фати врска со светот. Очигледно, нема одење наназад во глобализацијата. Се отвораат нови работни места во Кина, а Кинезите дознаваат за други култури. Мислам дека тоа е добро.

Со него се согласува и Питер Уберот, претседател на Американскиот олимписки комитет:

- Кога една земја ќе се отвори - се однесува различно. А, Олимпијадите отвараат земји како ретко кој друг настан во историјата.

XS
SM
MD
LG