Линкови за пристапност

Нимиц разговарал за името, но и за сродни прашања


Во Њујорк синоќа продолжија преговорите меѓу Република Македонија и Грција под посредство на ОН за спорот околу името.

Според соопштението на ОН издадено по првата одвоена средба на посредникот Метју Нимиц со македонскиот преговарач Никола Димитров и Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, главно внимание било посветено на централното прашање во врска со името, но се разговарало и за сродни прашања што ги покренале преговарачките страни.

Средбата на Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис беше закажана попладне по американско време.

Нимиц планира во врска со преговорите наредната недела да замине за Балканот.

XS
SM
MD
LG