Линкови за пристапност

Хероинот во САД – Кејси ја победи статистиката


За повеќето од осум милиони зависници од хероин ширум светот – одвикнувањето не е лесна задача. Напредокот во медицината помага во олеснување на тешкотиите при одвикнувањето. Па сепак, според експертите, 80 проценти од зависниците се враќаат на стариот пат откако ќе се одвикнат.

27-годишната Кејси Мелвил ја победи таа статистика. Сега млада мајка, а порано зависник од хероин. Кејси прв пат пробала хероин на 14 години, а на 19 години го допрела животното дно. Па сепак, успеала да се откаже и тоа трае веќе осум години.

Се присеќава на новогодишната ноќ, која и` го променила животот. Мајка и` ја одвела на средба на групата Анонимни алкохоличари. Групата има програма од 12 чекори за откажување од алкохолизмот. Првиот е признавање дека немате контрола врз зависноста и да признаете дека ви треба помош однадвор што ќе ви даде сила. Зависниците работат со советник кој е со нив за време на потешкотиите при откажувањето. Сега оваа програма ја користат и наркомани и други зависници.

Советникот Кејти Бејкер се присеќава на првата средба со Кејси:

- Ја соочив. Побарав да ми го даде целиот хероин што го има кај себе. Ми даде дел и го фрливме во тоалетната шолја. Извршив поголем протисок и ми го даде целото пакетче. Потоа и реков: тоа е тоа – мора да одиш на лекување.


Два дена подоцна, Кејси се вклучила во 30-дневна програма за одвикнување. Повеќе не е зависна од хероин и од алкохол. Признава дека минувала низ тешки периоди, вклучувајќи го и неодамнешниот развод, но сепак вели:

- Одвикувањето ми даде се` што имам денес. Не само материјални нешта, затоа што тие не ми се најважни. Ми донесе внатрешен мир, духовност, чувство на смиреност.

XS
SM
MD
LG