Меѓународната трговија со хероин
влијае врз животот на милиони луѓе ширум светот. Хероинот е уништувачки, и за земјите кои го произведуваат, и кои
го користат, на разни начини. На
зависниците тој им носи мизерен живот и очај, што е многу тешко да се
надмине.
34-годишната Сандра е еден од
60.000-те корисници во источниот пристанишен град Балтимор. Ни дозволи да минеме неколку часа со
неа. Престојува во напуштена куќа во
источниот дел на градот:
- Има многу луѓе кои тука преспиваат и
се дрогираат.
Сандра првпат пробала хероин пред шест години. Сега
животот и` се врти околу само една работа - да ја задоволи зависноста.
Балтимор е главен град по бројот на
корисници на хероин во САД. Според
властите, еден на секои десет жители е зависник.
Сандра вели дека хероинот повеќе не и` предизвикува
еуфорично расположение. Трипати била
уапсена и минала шест месеци во затвор.
Според Сју Дојл, советник на зависници во соседната општина Керол во
Мериленд, тоа е типично:
- Зависниците се во постојана потрага
по дрога, по пари за да ја купат.
Почнуваат да прават работи што никогаш не би ги направиле.
Сандра заработува како улична
проститутка. Вели дека и` требаат тројца клиенти на ден за да собере доволно
пари. Ја прашавме - дали ќе запре да
користи хероин?
- Се надевам дека ќе ме примат во
клиника за одвикнување, пред да умрам на улица, вели Сандра.
Неодамна била одбиена на едно
место. Во Балтимор има листа на чекање
за нови пациенти – се чека и по преку еден месец. Засега Сандра останува на улица и се носи со зависноста од херион
– колку што може.