Линкови за пристапност

Буш: Русија мора да преговара со Грузија


На бојното поле - продолжуваат борбите меѓу руските и грузиски сили и покрај понудата за примирје од Тбилиси.

Во интервју за Ен-Би-Си, Буш кажа дека им порачал на руските лидери дека е неприфатливо насилството да продолжи, како и дека е потребно меѓународно посредништво. Буш тврди дека предочил и на рускиот претседател Дмитри медведев, и на премиерот ВлАдимир Путин дека останува на Русија да го стори наредниот чекор.

Потпретседателот Дик Чејни оцени дека руската агресија врз Грузија не смее да остане без одговор. Портпарол на Чејни кажа дека потпретседателот вчера по телефон разговарал со грузискиот претседател Миахил Сакашвили и искажал солидарност со грузискиот народ и неговата демократски избарана влада.

Реагираа и американските претседателски кандидати: Целосно го осудувам прекршувањето на грузискиот суверенитет. Мислам дека во овој момент е сите страни да покажат воздржаност и да го запрат вооружениот конфликт, рече демократот Барак Обама, кој побара САД да соработуваат со Советот за безбедност на ОН и другите во меѓународната заедница на изноаѓање решение.

Републиканецот Џон Мекејн исто така побара итна акција на ОН и американска соработка со ЕУ и ОБСЕ со цел Русија, цитираме, „да го смени опасниот курс што го има избрано“. Русија треба итно и безусловно да ги прекине армиските операции и да ги повлече сите сили од суверената грузиска територија, рече Мекејн.

XS
SM
MD
LG