Линкови за пристапност

Се менува природата на терористичката закана


Во американските разузнавачки кругови се води дебата дали се сменила природата на терористичката закана. Експертите велат дека Ал-Каида се` уште планира напади врз САД, но дека најголема опасност доаѓа од таканаречениот „домашен" тероризам.

Седум години по терористичките напади на 11-ти септември во САД, дали главната закана се` уште доаѓа од централниот дел на Ал-Каида во зафрлените племенски области во Пакистан, или пак е многу поблиску, односно дома?

Директорот на владиниот Национален центар за контратероризам Мајкл Лејтер вели дека Ал-Каида се` уште прави заговори за напади врз САД.

Мајкл Шуер, поранешниот раководител на одделот на ЦИА што трагаше по Бин Ладен, смета дека Ал-Каида веќе не е монолитна организација како порано, и дека нејзината примарна моќ е инспиративна:

- Никогаш не беше само организација за борба. Нејзината главна цел беше да биде авангарда која ќе го поттикнува муслиманскиот свет.

Поранешниот аналитичар на ЦИА за тероризам Марк Сејџмен мисли дека поголема закана доаѓа од „домашниот тероризам" - исламски радикали израснати во земјата, инспирирани од Ал-Каида и гневни поради нивната претстава за дискриманција:

- Претставата дека Западот е во војна против Илсамот навистина фаќа корен кај овие млади луѓе и тие се` ставаат на куп – она што лично им се случува, со приказите од Ирак. Мислат дека сето тоа е дел од голем заговор против исламот.

Четворицата кои го нападнаа јавниот сообраќаен систем во Лондон во 2005-та беа млади муслимани, израснати во земјата. Сејџмен вели дека таквите потешко може да се откријат и спречат. Мајкл Лејтер, пак, додава ваквите млади отуѓени муслимани се опасност, особено за Европа:

- Во Британија се работи за позначителен обем и длабочина отколку она што досега сме го виделе во САД.

XS
SM
MD
LG