Линкови за пристапност

Џорџ Буш со набиена агенда во Азија


Ова е последна посета на Азија на Џорџ Буш како претседател на САД. Има набиена агенда на разговори со лидерите од Јужна Кореја, Кина и Тајланд – од северно-корејските нуклеарни амбции, преку трговските размени со овие земји и почитувањето на човековите права.

Во Сеул, ќе дискутира за безбедносни и финансиски прашања со јужнокорејскиот колега Ли Мјунг-бак, нема да биде одмината и темата за севернокорејската нуклеарна програма.

Претседателот Буш изјави дека ја поздрави неодамнешната декларација за нуклеарните капацитети на Северна Кореја, како и уништувањето на кулата за ладење при реакторот во Јонгбјонг. Тој рече дека Северна Кореја мора да се договори за верификација на процесот:

-Тоа е режим со многу санкции врз нив. Тие имаат многу обврски и мора да ги исполнат во цел да им бидат укинати санкциите


Буш првично се очекуваше да ја посети Јужна Кореја минатиот месец. Но, посетата беше одложена поради масовните демонстрации во Сеул против увозот на американско говедско месо.

Расплантените страсти стивна изминатите недели. Но, кога претседателот Буш допатува во Сеул, околу 20.000 протестанти се собраа во градот. Имаше десетина апсења, а полицијата мораше да употреби и воздушни топови за да ги растера демонстрантите кои ги блокираа главните улици. Сепак, нема вести за големи нереди меѓу демонстрантите и 16.000 полицајци кои се на готовс да реагираат доколку има потреба.

Во Тајланд го чека многу помирна атмосфера. Официјално во Банкок, ќе присуствува на 175-годишнината од американско-тајландските билатерални односи и ќе донесе говор каде акцентот ќе биде ставен на преглед на неговата политика спрема Азија.

Во Тајланд ќе има можност за потенцирање на состојбата во соседна Бурма. За првата дама Лора Буш, за која Бурма е лична кауза, е шанса да посети бегалски камп на тајландско-бурманската граница и одблизу да разговара со жртви од воениот режим во Бурма:

-Колку повеќе осознавам, се повеќе гледам колку е критична состојбата во Бурма – светот треба повеќе внимание да посвети на луѓето од Бурма, како и да го зголеми притисокот врз воениот режим.


Од Тајланд, претседателот Буш заминува за Пекинг каде ќе има две ролји – како претседател на САД и спортски обожавател. Тој рече дека ги изрази загриженост за состојбата со човековите права во Кина на средбите со официјални лица но во приватни разговори, и нема да ја искористи Олимпијадата за да упати политичка порака:

-Со нетрпение очекувам да ги поздравам спортистите. Мислам дека ќе биде добро за нив кои напорно тренирале да видат како нивниот претседател го виори знамето.


Во интервју за Вашингтон Пост, направено за време на летот меѓу Вашингтон и Сеул, претседателот се осврна на еволуцијата на американско-кинеските односи за време на неговиот мандат во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG