Линкови за пристапност

Кина ослободи пристап до некои  од блокираните  интернет страници 


Зборувајќи на ретка прес конференција со странски новинари господинот Ху денес кажа дека е неизбежно луѓето од различни нации да не гледаат исто на прашањата. Но кинескиот лидер додаде дека вметнување на политика е против олимпискиот дух.

Господинот Ху кажа дека Игрите ќе остават економско и духовно наследство во Кина за годините што доаѓаат.

Кина применува научни и технолошки иновации, меѓу кои сончева енергија, во многу објекти за Олимпијадата, кажа тој, но најважното наследство е што спортисти од цел свет ќе имаат арена да ги исполнат своите соништа, да го зацврстат меѓусебното разбирање и заедничкото пријателство.

Инаку, Кина сега ќе дозволи пристап на странските новинари кои ги покриваат Олимписките игри, на некои интернет страници кои претходно ги блокираше.

Меѓународниот олимписки комитет вели дека кинеските организатори се согласиле да ја кренат забраната по вчерашната средба.

Меѓу блокираните страници беше онаа на Амнести интернешенал, групата за човекови права и на БиБиСи на кинески. Страницата на Фалун Гонг – спиритуалното движење, и на тибетската влада во егзил, остануваат блокирани зашто кинеските власти ги смета за – илегални.

Олимпијадата започнува точнио за една недела.

XS
SM
MD
LG