Линкови за пристапност

Офанзива против Ал-Каида во Ирак

Официјални лица велат дека операцијата започнала дене,с со серија акции во Бакуба, главниот град на провинцијата Дијала, североисточно од Багдад.

Американски армиски претставници велат дека ирачките трупи ја водат битката со минимална поддршка од американските сили.

Официјалните лица велат дека слични операции насекаде низ земјата придонеле за нагло намалување на терористичките напади.

Во меѓувреме, полицијата во Багдад го зголеми обезбедувањето за време на собирањето на шиитските аџии во нивното светилиште, еден ден откако три жени бомбаши-самоубијци убија најмалку 30 аџиии.

Во градот е забрането возење за најголем дел од возилата, и полицијата постави контролни пунктови во напор да спречи натамошно насилство.

Вчерашните бомбашки напади во Багдад американските претставници велат дека се дело на ал-Каида, сунитска муслиманска група која и порано напаѓала шиитски аџии.

Главниот американски командант во Ирак, генералот Дејвид Петреус, вели дека Ал-Каида во Ирак останува опасна и смртоносна, но сега е редуцирана закана во Багдад.

Петреус исто така кажа дека американските сили сега контролираат голем дел од територијата на Ирак, што, според него, е голема промена од пред една година.

Американските команданти велат дека ал-Каида зачестено употребува жени за изведување на самоубиствени напади зашто нив помалку ги претресуваат на контролните пунктови. Само минатата година жени извеле барем 20 вакви напади.

XS
SM
MD
LG