Линкови за пристапност

Автомобилските компании во САД се вртат кон поекономични модели


Се` повисоката цена бензинот е причина американските автомобилски компании да започнат да размислуваат за помали модели како европските.

Форд извести дека загубил преку 8 милијарди долари во вториот квратал на годинава. Аналитичарите, како Лори Харбур од Групацијата Гарбур-Филекс, кривицата ја фрлаат на цената на бензинот:

- Мора брзо да размислуваат за помали возила што трошат помалку гориво, за хибридни возила што не се произведуваат во нивните фабрики.

Компанијата сега реструктуира две свои фабрики за спортски и „пик-ап“ возила во САД, во погони што ќе може да произведуваат европска верзија на помали автомобили, како Форд Фокус. Шест од европските модели на Форд ќе се прават во САД.

Последниве 50 години мотото беше – „она што е добро за Џенерал Моторс, - добро е и за државата“. Сега не е така, барем според податоците на компанијата за првиот дел на годината – Џи-Ем го загубила приматот во глобалната продажба пред Тојота. Аналитичарите повторно посочуваат на високата цена на бензинот.

- Сите сме сведоци дека пазарот на спортски и „пик-ап“ возила сега во основа е слаб поради цената на бензинот, вели Марк Гајлс од авто-магазинот Кар енд драјвер.

Џи-Ем работи на моделот Шевролет волт - електричен хибрид што користи бензин само кога ќе се испразни батеријата.

Кризата во индустријата го погоди и Крајслер. Компанијата најави дека ќе укине една илјада работни места ширум светот до крајот на септември. Речиси три четвртини од продажбата на Крајслер во САД се должи на спортските и „пик-ап“ возила.

Форд планира европските модели да се најдат на американските авто-патишта за две години, исто како и Џи-Ем во случајот на Шеви волт, со што 2010-та навистина ќе стане година на - помал резервоар за гориво.

XS
SM
MD
LG