Линкови за пристапност

Обама се обрати пред десетици илјади во Берлин


Американскиот претседателски кандидат Барак Обама ги поттикна Европејците и Американците да работат заедно да го поразат теророт и екстремизмот што него го поддржува.

Зборувајќи пред десетици илјади луѓе во Берлин, Обама кажа дека не смее да има ѕидови што ги делат сојузниците на ниедна страна од Атлантикот, или меѓу религиите и расите. Тој потоа ја повика Европа да застане до САД да се донесе стабилност во Авганистан и да се работи на завршување на војната во Ирак.

Обама исто така зборуваше за неговата визија на Америка и како тоа го повлекло татко му на нејзините брегови со идеали кои зборуваат за аспирацииите што се заеднички на сите луѓе.

Тоа беше прв официјален говор на кандидатот за претседател на неговата турнеја што го однесе во Европа и на Блискиот исток.

Патувањето на демократскиот кандидат и неговото покривање од страна на медиумите дојде под голема критика од кампањата на неговиот републикански ривал Џон Мекејн. Мекејн кажа дека би сакал да даде говор во Германија, но додаде дека порадо би го направил тоа како претседател. На интернет страницата на кампањата на Мекејн медиумите се обвинуваат за „бизарна фасцинација" со Обама.

Посетата на Обама доаѓа на почетокот на европската турнеја која исто така ќе го одведе во Франција и Британија. Обама претходно го посети Авганистан, Ирак, Јордан, Израел и палестинските територии.


XS
SM
MD
LG