Американската државна секретарка Кондолиза Рајс го поздрави апсењето на поранешниот водач на босанските Срби, обвинет од Хашкиот суд за геноцид и злосторства против човештвото во судирот во поранешна Југославија. Рајс се надева дека следниот кој ќе биде уапсен е поранешниот армиски командант на босанските Срби, Ратко Младиќ.
Рајс, која се наоѓа на турнеја по Азија, рече дека апсењето на Караџиќ е чекор напред за Србија во воспоставување на својот европски идентитет. Истовремено, ја повика Европа да ги забрза напорите за нормализација на односите со Србија.
Вчера, пак, адвокатот на Караџиќ изрази уверување дека тој ќе биде ослободен од
обвинението за геноцид и најави дека самиот ќе се брани пред судот во Хаг.