Линкови за пристапност

Буш промовира агенда на слободата


Со завршувањето на неговиот мандат господинот Буш го употреби обраќањето да му даде совет на следниот претседател на САД.

Тој не отиде во политиката на трката за негов наследник, ниту пак ги спомена кандидатите по име.

Наместо тоа, тој се обиде да остане над политиката и да се фокусира на каузата што ја разви откако влезе во Белата куќа: промовирањето на слобода насекаде во светот:

-Предизвикот за Америка во годините што следат е да продолжи да им помага на луѓето во нациите што страдаат, да добијат слобода од корупција, слобода од болести, слобода од сиромаштија и слобода од тиранија.

Господинот Буш вели дека болестите и гладта мора да останат приоритети. Тој поттикнува на чекори за засилување на трговијата како начин да се победи сиромаштијата. Тој нагласи дека Америка мора секогаш да води во борбата за човекови права:

-Во изминативе седум години зборувавме за кршење на човековите права од тирански режими како оние во Иран, Судан, Сирија и Зимбабве. Ние зборувавме отворено за човековите права со нации со кои имаме добри релации, како што се Египет и Саудиска Арабија и Кина.

Во говор до вработените во Американската агенција за меѓународен развој, господинот Буш уште еднаш повика на ослободување на затвореници заради изразени ставови, како што е бурмиската нобеловка и борец за демократија Аунг Сан Су Ки.

Тој рече дека дури и сега има нишки на промена на места како Хавана, Техеран и Дамаск. Тој исто така истакна дека инволвираните во борбата за слобода мора да знаат дека не се сами.

XS
SM
MD
LG