Линкови за пристапност

Белата куќа го поздрави апсењето на Караџиќ


Министрите за надворешни работи на ЕУ, кои се среќаваат во Брисел, го пофалија апсењето како значаен чекор кон евентуално добивање влез.

Францускиот министер за надворешни работи Бернард Кушнер апсењето го нарече „добра работа за зближување" со останатиот дел од Европа.

Холандија и Белгија ги блокираа поранешните обиди да се лансира Србија на патеката за можно членство во ЕУ, делумно и заради белградското потфрлање да ги предадат осомничените воени злосторници.

Обвинителите на трибуналот велат дека апсењето е важен момент за жртвите на воените кривични дела, и велат дека тоа потврдува оти никој не е надвор од законот.

Белата Куќа и честиташе на српската влада и на оние кои го уапсија Караџиќ за нивната храброст.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун апсењето го нарече историски момент.

Реакцијата во Русија, каде постојат силни врски со Србија, беа различни. Рускиот законодавец Олег Морозов кажа дека верува оти апсењето било повеќе за политиката отколку за законот.

Поранешниот американски помошник државен секретар Ричард Холбрук, кој помогна да се постигне договорот со кој заврши балканскиот конфликт, Караџиќ го нарече Осама бин ладен од Европа и главен архитект на етничкото чистење.

XS
SM
MD
LG