Линкови за пристапност

Уапсен Караџиќ


Канцеларијата на претседателот Борис Тадиќ објави дека е уапсен Радован Караџиќ, едно од најбараните лица во светот по кое е распишана потерница. Караџиќ, кого Судот на ОН за воени злосторства во Хаг го бара под обвинение за геноцид, беше во бегство преку 10 години.

Како водач на босанските Срби за време на војната во во 1990-те, Караџиќ е обвинет дека одобрил убиство на илјадници цивили, меѓу што и масакрот на преку 8.000 муслимани во Сребреница во 1995-та.

Тој е еден од балканските воени водачи што ги бараше Судот во Хаг. Поранешниот армиски водач на босанските Срби Ратко Младиќ и водачот на хрватските Срби Горан Хаџиќ се` уште се на слобода.

XS
SM
MD
LG