Линкови за пристапност

Иранскиот претседател го поздрави американското присуство на нуклеарните разговори


Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки денес во Анкара изјави дека гледа можност за разговори за воспоставување дипломатскко присуство на САД во Техеран и отворање на директни авионски летови меѓу двете земји.

Мотаки рече дека американското учество на претстојната средба за иранската нуклеарна програма е позитивен чекор и дека очекува напредок.

Во Вашингтон, американската државна секретарка Кондолиза Рајс кажа дека американската одлука да го испрати вишиот пратеник, државниот потсекретар Вилијам Барнс на разговорите претставува “силен сигнал“ дека САД се сериозни во однос на дипломатијата. Но, Рајс подвлече дека и натаму остануваат условите за почеток на преговори, како и дека Барнс ќе го повтори американскиот став дека Иран мора да запре со збогатување на ураниум за да може да започне сериозен дијалог. Претходно неделава, САД најавија дека ќе го испратат Барнс на средбата во сабота во Женева меѓу иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања Саид Џалили и шефот за надворешна политика на ЕУ Хавиер Солана. Тоа претставува промена на долготрајната политика на владата на Буш да не влегува во нуклеарни преговори со Иран се` додека техеран не запре со чувствителни нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG