Линкови за пристапност

ММФ предупредува: глобална инфлација


Меѓународниот монетарен фонд смета дека иако зголемените цени на храната и горивото можеби нема толку да и` наштетат на глобалната економија колку што стравуваа официјални лица, инфлацијата сепак претставува опасност за многу земји.

MМФ во вчера издадената, ревидирана глобална економска прогноза за малку го покачува предвидениот растеж од април. Главниот економист на MМФ Сајмон Џонсон наведува дека глобалната економија ќе успори, но дека сепак ќе расте со стапка од четири проценти до крајот на годината. Меѓутоа, тој предупреди дека развиените и економиите во развој се во опасност. Инфлацијата во месец мај била речиси девет проценти и Џонсон предвидува дека ќе остане висока во текот на 2009-та. Тој смета дека има причини за загриженост дека глобалната економија повеќе не ќе може да пребродува големи шокови како порано. Пред новинарите во Вашингтон Џонсон изјави и дека американската економија “речиси запрела“.

Во април, MМФ предупреди дека постои можност од 25 проценти за глобална рецесија.

XS
SM
MD
LG