Линкови за пристапност

Бернанки не вели - рецесија, но...


Директорот на Федералните резерви Бен Бернанки втор ден по ред сведочеше во Конгресот, повторувајќи ја потребата од стабилизирање на финансиските пазари, но одби да ја окарактеризира сегашната економска ситуација како рецесија.

Бернанки говореше пред Сенатската комисија во време ког владини извештаи покажуваат дека инфлацијата, предизвикана најповеќе од високите енергетски цени, е во пораст.

Првиот човек на американската централна банка изрази поддршка за поагресивна енергетска политика.

Според Бернанки, енергетските пазари гледаат кон иднината, како и дека комбинацијата од заштеда на енергијата, алтернативни горива и истражувања за дополнителни ресурси би можела да ги намали цените во блиска иднина.

Повеќето аналитичари од федералните резерви веруваат дека владата ќе треба да ги зголеми главните каматните стапки во блиска иднина со цел да ја задржи инфлацијата на ниско ниво.

XS
SM
MD
LG