Линкови за пристапност

Буш на прес-конференција за економската состојба, ситуациите во Ирак и Авганистан


Американскиот претседател оддржа прес-конференција на која во најголем дел се фокусираше на економски прашања, но говореше и за Ирак, Авганистан и други прашања.

Американскиот армиски ангажман во Ирак оди подобро од оној во Авганистан, каде, оцени Џорџ Буш, коалиционите сили водат битка со цврст и безобзирен непријател. На тема Ирак, тој го повтори ставот дека нема да се согласи на каков и да е „вештачки“ рок за повлекување на американските војници, како и дека одлуката за повлекувањето може да биде донесена само врз основа на мислењата на армиските комнаданти на теренот.

Во однос на војната против тероризмот во јужна Азија, Буш на подолгата прес-конференција во Белата куќа подвлече дека САД, Авганистан и Пакистан имаат ист непријател:

- Зададовме силен удар и нанесовме штета на Ал-Каида ширум светот, значи и во Пакистан. Заедно со нашите пакистански пријатели ќе продолжиме да вршиме притисок врз Ал-Каида.

Претседателот рече дека „воопшто не е спорно“ дека екстремистите доаѓаат во Авганистан од Пакистан и изрази надеж дека пакистанската влада е свесна за опасноста од терористите кои дејствуваат на пакистанска територија.

XS
SM
MD
LG