Линкови за пристапност

Колапсот на Инди Мек нова грижа за американската економија


Инди Мек, со актива од околу 32 милијарди долари, денес повторно почна со работа, но под контрола на владината Федерална корпорација за осигурување на депозити. Претходно, навалата на штедачи кои ги подигаа своите средства доведе до колапс на банката – втор по големина во американската историја.

Во исто време, инвеститорите и економистите се загрижени дека американската економија е во опасност да западне во уште потешка ситуација.

Американските пазари на акции спласнаа откако некои економисти предупредија дека над 90 банки се во опасност од колапс. Инвеститорите исто така имаат резерви и за планот на владината Државна благајна за консолидација на двете најголеми компании во САД кои зајмат кредити за домување.

Секретарот на Државната благајна Хенри Паулсон во неделата најави редица предлозиза зајакнување на Фени Меј и Фреди Мек, на кои отпаѓа речиси половина од кредитите за домови во САД, во вкупна вредност од над пет трилиони долари. Овие компании спонзорирани од владата изгубија милијарди долари поради кризата на пазарот на домување, во која голем број Американци не се во можност да ги отплаќаат кредитите. Дел од економистите предупредуваат дека доколку пропадне само една од компаниите, тоа би имало катастрофални последици по глобалната економија.

XS
SM
MD
LG