Линкови за пристапност

Лавров не гледа потреба од американскиот противракетен штит во Европа


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека иранското тестирање на проектили неделава покажува дека нема потреба од планираниот систем за противракетна одбрана во Европа, бидејќи ракетите на Техеран не можат да досегант далеку.

Лавров во Москва изјави дека тестирањето потврдило дека Иран има проектили со домет до 2.000 километри и дека не е потребен протиракетен штит во Европа за нивно следење или реакција на нив. Рускиот шеф на дипломатијата кажа дека прашањата во врска со Иран треба да се решаваат со преговори и политички и дипломатски средства, а не закани.

Американската државна секретарка Кондолиза Рајс од Грузија порача дека системот ќе придонесе да биде потешко за Иран да прави закани. Претходно неделава Рајс потпиша договор во Прага со што Вашингтон може да постави дел од системот на чешка територија. Вашингтон и Варшава се` уште преговараат за вториот дел од системот, планиран на полска територија.


Рускиот претседател Димитри Медведев кажа дека Москва е растревожена поради договорот и предупреди дека ќе земе предвид контра-мерки доколку Вашингтон го инсталира системот.

XS
SM
MD
LG