Линкови за пристапност

Најавена средба Џалили – Солана на 19-ти јули


Иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања наредната недела ќе се сретне со шефот за надворешна политика на ЕУ. Ова го најави портпарол на иранскиот Врховен совет за национална безведност, кој за државната иранска новинска агенција ИРНА соопшти дека средбата ќе се одржи на 19-ти јули во Женева.

Се очекува Хавиер Солана и Саид Џалили да разговараат за новиот пакет поттици што Солана го претстави на Иран минатиот месец, во обид земјата да прекине со нуклеарни активности.

САД сметаат дека поттиците даваат шанса на Иран да започне нуклеарни преговори без претходно да запре со програмата за збогатување на ураниум.

Иран, пак, има понудено поопшт предлог за тоа како да се решат проблемите во светот, меѓу што и нуклеарниот ќорсокак.

САД и останати западни земји тврдат дека Иран се обидува да создаде нуклеарно оружје. Техеран го отрфрла обвинувањето.

XS
SM
MD
LG