Линкови за пристапност

Иран тестираше нова група проектили


Државните медиуми денес кажаа дека новите тестови на проектили се случиле за време на ноќта, вклучувајќи и проектили земја-вода, земја-земја и вода-небо.

Вчера меѓу тестираните проектили беше и Шахаб-Три со долг дострел, што може да патува 2.000 километри, ставајќи ги Израел и други американски сојузници во во опасност.

Зборувајќи во Тбилиси, Грузија, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс предупреди дека САД се подготвени да се бранат и да ги бранат сојузниците против секаква агресија.

Порано неделава , помошник на иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи кажа дека израелската и американската морнаричка флота во персискиот залив би биле први цели доколку Иран биде нападнат заради своите нуклеарни активности.

Белата Куќа го обвини Иран за непочитување на резолуциите на ОН со развивањето на балистички проектили и го поттикна да се воздржи од натамошни тестови на проектили.

Реакција на ова дојде и од Франција. Главниот директор на француската енегретска компанија Тотал вели дека смета оти е премногу ризично да се инвестира во Иран.

Кристоф де Маржери во денешно интервју за весникот Financial Times рече дека неговата компанија би презела преголем политички ризик со инвестирање во Иран.

Тотал се очекуваше да развие огромно нафтено поле во Иран.

XS
SM
MD
LG