Турски официјални лица се сомневаат дека Ал-Каида стои зад нападот во кој шест лица загинаа во престрелка пред американскиот конзулат во Истанбул.
Американскиот амбасадор во Турција Рос Вилсон го осуди нападот и го окарактеризира како чин на тероризам.
- Ќе ги споделуваме сите наши информации, а верувам дека и турските власти ќе го чинат истото. Ќе направиме се` што треба да помогнеме во истрагата, рече Вилсон.
Тој не коментираше на наводите дека Ал-Каида е поврзана со насилството.
Сведоци велат дека престрелката се случила
пред зградата на американскиот конзулат во Истанбул кога тројца напаѓачи
излегле од автомобил и отвориле оган кон полицајци. Во претстрелката загинале тројца полицајци и тројца напаѓачи.
Истанбулските сили за безбедност трагаат по четвртиот напаѓач кој побегнал.
Се` уште не е познато дали мета на нападот биле
турските полицајци или американскиот конзулат.