САД го осудија иранското тестирање на девет проектили, од кои некои, според ирански официјални лица, би можеле да допрат до Израел и останатите американски сојузници во регионот.
Хусеин Салами, виш командант на иранската
револуционерна гарда изјави дека пробрата ја покажала иранската моќ против
непријателите.
Портпаролот на американската влада Гордон Џондроу
коментираше дека Иран со развивањето на балистички проектили ги крши
резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
Вчерашното тестирање уследи по вторничкото
потпишување на договор меѓу САД и Чешката Република за инсталирање на радар на
чешка територија, што ќе биде дел од планираниот американски систем за
противракетна одбрана во Европа.
Вашингтон вели дека тој има за цел да спречи напади од непринципилени
режими како Иран. Полска и САД се` уште
го договараат вториот дел на системот –
поставување на пресретнувачки проектили на полска територија.
Рајс по потпишувањето изјави дека и по
заминувањето на претседателот Буш од власта, очекува секој иден претседател да
продолжи со прграмата за ракетна одбрана:
-
Ние и нашите сојузници и пријатели сме пред се поголема закана од ирански
проектили, а иранскиот апетит за нуклеарна технологија се` уште не
спречен. Не верувам дека кој и да `е
нареден американски претседател не ќе сака да има капаците да ја брани нашата
територија и територијата на нашите сојузници, независно дали се во Европа или
на Блискиот Исток од таков вид на закана од проектили.
На сведочење во Конгресот посветено на Иран
државниот потсекретар Николас Б`рнс ја подвлече американската стратегија во
соработка со сојузниците што комбинира економски и финансиски санкции со
поттици:
- Таа се базира на цврста дипломатија, максимум
притисок врз Иранците на повеќе полиња за да ја почувствуваат цената на
продолжителното противење на целиот свет, особено за нуклеарни прашања. Во исто време, се обидуваме јасно да
предочиме на Иран и неговиот народ што може да добијат ако го сменат курсот.
За прашањето со последното иранско тестирање
проектили се изјаснија и американските претседателски претенденти. За републиканецот
Џон Мекејн, иранското тестирање ја демонстрира потребата од противракетен штит,
додека за демократскиот ривал Барак Обама одговорот е во енергична дипломатија
кон Техеран.
Мекејн смета дека САД треба да соработуваат со
европските и регионалните сојузници во справување со иранската закана, во тој
контекст наведувајќи гопротивракетниот штит во Чешка и во Полска.
Обама, пак, смета дека САД треба да ги
отворат дипломатските канали со Иран и да понудат поттици со помош на кои
Техеран би го променил однесувањето.