Ова денес го објави јапонскиот премиер Јасуо Фукуда, кој е домаќин на
самитот на Групата Осум на островот Хокаидо.
Според Факуда, договорот овозможува секоја земја да постави сопствени
„агресивни“ среднорочни цели за намалување на испуштањето на штетни гасови.
Главниот советник на претседателот Буш за животна средина, Џим Конахтон
кажа дека ваквата спогодба е во согласност со барањето на претседателот Буш
растечките економии како Индија и Кина
да земат удел во намалувањето.
Критичарите, како министерот за животна средина на Јужна Африка Бен
Винклер, велат дека договорот е премногу воопштен. Меѓутоа, вишиот претставник на јапонското министерство за
надворешни работи, амбасадорот Коџи Цуруока изјави дека тој е направен така да
го ангажира светот со политичка визија, а не со правно-обвзрувачки документ.