Линкови за пристапност

Реакции на опозицијата на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ


По обелоденувањето на договорот меѓу лидерите на ВМРО -ДПМНЕ и ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети за владина коалиција, Емилијан Станковиќ од СДСМ вчера запраша како Груевски ќе ги нарекува членовите на ДУИ на владина седница:

- Паднаа во вода сите оние сатанизирања во изминатите шест години кои ги доживуваа сите политички чинители во Република Македонија заради тоа што соработуваа со ДУИ, затоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно ги нарекуваше терористи, освен доколку премиерот Груевски не продолжи своите министри од ДУИ на (владина) седница да ги нарекува терористи.


Од најголемата опозициона партија велат дека непотребно било изгубено време и оти сега очекуваат резултати:

- Република Македонија ги изгуби последните две години. ДПМНЕ можеше и во 2006та можеше да коалицира со ДУИ. Што е најважно, сега ДПМНЕ има и просто, и бадентерово и двотретинско мнозинство, така што граѓаните нема што да чекаат. Сега не може наводно некој да го кочи ДПМНЕ. Тоа значи дека резултатите мора да стигнат час поскоро.

Лидерот на Нова Алтернатива Ѓорѓи Оровчанец вели дека ако се појде од досегашните изјави на двете партии, значи дека во Македонија ќе има терористичко-врховистичка коалиција во која, како што вели, единствено недостасува комитата Тачи:

- Едните за другите велат дека се терористи, другите за првите велат дека се врховисти, и сега ќе имаме врховистичко-терористичка коалиција. Јас ќе ве прашам зошто Груевски, кој има можност да направи влада без ниту еден коалиционен партнер, го испушти како тринаесетто прасе неговиот соработник Тачи, кој беше прогасен за комита. Дали на следниот Централен комитет ќе му биде одземена титулата комита на Мендух Тачи.

Се очекува новата влада Груевски да ја претстави во парламентот в петок, откако претхоно парламентот ќе ги донесе измените на законот за влада со кои се бара формирање на уште едно министерство - за информатичко општетство.

XS
SM
MD
LG