Линкови за пристапност

Членките на Г-8 загрижени за политичките превирања во Зимбабве


Претседателот Џорџ Буш се сретна со танзанискиот претседател Џакаја Киквете на маргините на самитот на Групата Осум на јапонскиот остров Хокаидо.

Буш рече дека е длабоко разочаран од претседателските избори со само еден кандидат во Зимбабве на кои Роберт Мугабе ја задржи власта. Иако Киквете се согласи со голем дел од забелешките на Буш, тој рече дека африканските лидери можеби нема да се согласат со западните за тоа како да се појде напред во ситуацијата.

Танзанија го држи ротирачкото претседателство на Африканската Унија и нема дадено поддршка за санкциите против Зимбабве.

Денеска се сретнаа и јапонскиот премиер Јасуо Фукуда и неговиот британски колега Гордон Браун. Браун кажа дека е важно за Г-8 да испрати енергична порака до Зимбабве.

Американскиот претседател Џорџ Буш разговараше и со неговиот руски колега Димитри Медведев. Тие се сретнаа на маргините на Самитот Г-8 во Јапонија и се заложија заедно да работат на отстранување на нуклеарната закана од Иран и Северна Кореја.

Сепак, двајцата лидери не успеаја да ги надминат разликите околу планираниот противракетен штит во Источна Европа.

Ова беше прва средба меѓу двајцата лидери откако Медведев дојде на функцијата во мај.

Близок соработник на рускиот претседател вели дека Медведев му порачак на Буш дека идејата за основање база за проектили во Литванија е „апсолутно неприфатлива“. Рускиот лидер исто така го повторил руското противење на американскиот план за пресретнувал на проектили во Полска и радар во Чешката Република.

Вашингтон тврди дека противракетниот штит е неопходен за заштита на САД и Европа од непринципиелни држави.

XS
SM
MD
LG