Линкови за пристапност

Буш го потпиша  законот за финансирање на  војните во Ирак и Авганистан


Претседателот Буш рече дека Америка има одговорност да ги поддржи нејзините мажи и жени кои служат во армијата, особено во време на војна:

-Им должиме на нашите храбри Американци – благодарност. Им должиме решителна поддршка. Најдобар начин да ја демонстрираме поддршката е да им дадеме ресурси кои им се потребни во задачата да извојуваат победа.

Буш зборуваше неколку минути по потпишувањето на законот за финансирање, кој беше резултат на месеци преговори, дебатирање и компромис меѓу Белата куќа и Капитол Хил. Тој ја окарактеризира легислативата како вистински меѓупартиски труд:

-Законот му покажува на американскиот народ дека дури во изборна година Демократите и Републиканците може заедно да застанат зад нашите војници и нивните семејства.

Претседателот ги поздрави конгресните лидери од обете партии кои работеле на легислативата. Тој подвлече дека членови од Конгресот обезбедиле пари без поставување услови:

-Задоволен сум што Републиканците и Демократите во Конгресот се договорија да обезбедат витални фондови без да им ги врзат рацете на нашите команданти и без да постават вештачка временска рамка за повлекување од Ирак.

Легислативата ја заокружи цифрата пари дадени за војната во Ирак во изминативе пет години на преку 650 милијарди долари.За воените операции во Авганистан, се издвоени приближно околу 200 милијарди долари. Следниот претседател на САД ќе треба да достави ново барање за трошоците на војната во Ирак откако ќе дојде на функција, зашто средствата треба да бидат доволни и за почетокот на 2009-та.

XS
SM
MD
LG