Линкови за пристапност

Бил Гејтс се пензионира


Бил Гејтс се повлече од неговиот постојан работен однос во Мајкрософт – компанија која ја формираше со неговиот пријател од детството – Пол Ален. Гејтс вели дека ќе се фокусира на неговите напори за здравствената заштита и условите на живеење за оние кои имаат најмногу потреба преку најголемата добротворна фондација – Бил и Мелинда Гејтс.

Toj веројатно најуспешниот студент кој не завршил факултет во светот. Пред 30 години, ги напуштил студиите на Универзитетот Харвард и го основал Мајкрософт.

Минатата година му беше врачен почесна докторска титула од престижната школа што некогаш ја посетувал:

-Му благодарам на Харвард за честа. Следната година ќе ја сменам работата и ќе биде убаво конечно да имам диплома на моето резиме"

Со 58 милијарди долари, Гејтс е трет најбогат човек во светот, според магазинот Форбс, и најверојано нема да бара нова работа. Според Форбс, тој заостанува со богатството само зад американскиот инвеститор Ворен Бафет и мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим Хелу.

52-годишниот Гејтс планира повремено да работи во Мајкрософт и ќе продолжи да претседава со бордот на компанијата, но повеќето време ќе го минува во фондацијата која ја основа со неговата сопруга Мелинда во 2000-та.

Мајк Смит е главен шеф на Charity Navigator, фирма која се грижи за финансискоот здравје на 5.300 американски добротворни организации. Тој вели дека Американците годишно одвојуваат по 300 милијарди долари за добротворните организации, а фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс игра важна улога во добротворниот сектор:

-Тие се најголема приватна фондација. Фискалната 2007-ма ја завршија со 38, 7 милијарди долари. Во 2007-ма, обезбедија грантови во висина од околу две милијарди долари.

Фондацијата Гејтс дава грантови за програми за борба против сидата, маларијата, туберкулозата, намалувањето на сиромаштијата во земјите во развој.

Фондацијата исто така работи на зголемување на образовните стандарди и подобрување на пристапноста до технологијата во САД.

Влијанието на фондацијата стана уште поголемо во 2006-та, кога Ворен Бафет, кој според Форбс е најбогат човек на светот, префрли акции во вредност од 30 милијарди долари на контото на фондацијата Гејтс. Тој вели дека ги споделува целите на фондацијата и верува дека е ефикасна.

Гејтс за тие цел, зборуваше на годинешниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија. Тој вели дека е оптимист за светските состојби, но сака да ги забрза унапредувањата, особено за најсиромашните една милијарда луѓе во светот:

-Има околу колу една милијарда луѓе во светот кои немаат доволно храна, кои немаат чиста вода за пиење, кои немаат електрична енергија – работи кои за нас се секојдневие.

Тој кажа дека болести, како што е маларијата, убиваат по еден милион лица годишно, а на тоа не се придава доволно внимание. Гејтс рече дека се надева да го сврти вниманието на иноваторите и бизнисмените во справување на социјалните проблеми.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс ќе продолжи на курсот за подобрување на глобалното здравје, сиромаштијата и американското образование, а Гејтс вели дека планира да мине повеќе од своето време во определување на стратегијата на фондацијата.

XS
SM
MD
LG