Видео снимката покажува како 20-метарската разладна кула експлодира, паѓа и од местото се крева прав и чад.
Главниот стручњак за корејски прашања во американскиот Стејт Департмент Сунг Ким, беше сведок на настанот што го нарече значаен чекор кон прекинување на севернокорејската програма за нуклеарно оружје.
Ким кажа дека потегот ги става шестпартитните разговори на побрза патека.
Уништувањето на разладниот погон доаѓа само еден ден по предавањето на декларацијата од страна на Пјонгјанг по долго одлагање, за нивните нуклеарни активности. САД одговорија со симнување на Пјонгјанг од црната листа на земји поддржувачи на тероризам, и со ослеснување на некои од трговските санкции.
Севернокорејските државни медиуми американскиот одговор го нарекоа - позитивен чекор.