Линкови за пристапност

Буш реципрочно одговори на декларацијата на Северна Кореја


Северна Кореја ја достави декларација во Пекинг, Јужна Кореја го поздрави развојот на настаните.

Американскиот претседател Џорџ Буш веднаш реагираше на потегот на Северна Кореја, со отворање на патот за укинување на некои санкции од САД врз Пјонгјанг:

-Објавувам прокламација со која се симнува провизијата во Актот за забрана на трговија со непријателот во однос на Северна Кореја. И второ, го информирав Конгресот за мојата намера да се симне ознаката за Северна Кореја како држава спонзор на тероризам, во следните 45 дена.

Декларацијата на Северна Кореја е дел од мулти-латералните размени на финансиски и дипломатски иницијативи во правец на разоружување на Пјонгјанг. Северна Кореја вети дека ќе ја поднесе до крајот на минатата година, но го одложи доставувањето за шест месеци поради несогласувањата со САД.

Вашингтон најпрво бараше во декларацијата да се најде информација и за тајните програми за збогатување ураниум што Северна Кореја никогаш јавно не призна дека ги има, како и да ја објасни улогата на Пјогјанг во помошта на Сирија да развие нуклеарна постројка.

Во средбите на високо ниво меѓу САД и Северна Кореја, Пјонгјанг се очекува да одговори на забелешките на САД во позитивна смисла, но не и да ги вметне во формалната декларација. Во документот се очекува да се најде и листата со складиштата на нуклеарен материјал, како и локациите на постројките каде се произведува.

Претседателот Буш рече дека Северна Кореја има уште многу работи да стори:

-Мора да ги разгради нуклеарните објекти, да се откаже од плутониумот, да ги разреши прашањата врзани со збогатување на ураниум и активности на пролиферација, и тие активности да ги запре на проверлив начин.

Конзервативниот јужно-корејски претседател Лу Мјунг-Бак ја замрзна програмата за помош во храна додека осиромашената Северна Кореја не направи напредок за нуклеарното прашање. Декларацијата од Пјонгјанг може да биде поттик за администрацијата на Ли да ја обнови оваа програма за храна која и е неопходна на Северна Кореја.

XS
SM
MD
LG